Принцезата Беатрис и нејзиниот сопруг Едоардо Мапели Моци, го добија своето прво дете, ќерка, чие име сеуште го немаат споделено со јавноста.

За кралицата Елизабета ова е 12-то правнуче, а новороденото девојче е 11-то во редот за наследство на престолот.

Принцезата Беатрис се породи во болница Челзи, во Лондон. а веста ја потврди Бакингенската палата.

Принцезата Беатрис и нејзиниот сопруг господинот Едоардо во сабота на 18-ти септември 2021 година, добија ќерка. Бебето е тешко 2,7 килограми, стои во соопштението од кралската палата а пренесуваат британските медиуми.

Принцезата исто така на социјалната мрежа Твитер ја сподели радосната вест и му се заблагодари на медицинскиот персонал за се што направиле за неа.

Среќниот пар се венчаше во јули минатата година, а кралската фамилија веста за бременоста со јавноста ја сподели во средината на мај.