Кралицата Елизабета Втора денес го погреба својот сопруг, војводата од Единбург, принцот Филип , и сите што го следеа преносот на церемонијата истакнаа еден емотивен и тажен момент.

Поради антипандемиски мерки, кралицата мораше да седи сама додека се збогуваше со сопругот, со кого беше во брак 73 години.

Секој што го гледаше преносот сочувствуваше со британската кралица која во тој момент изгледаше крајно осамено.

Кога идните историчари ќе ја прераскажат приказната за пандемијата, сликата на кралицата како седи сама, со маска на лицето и во тага, сигурно ќе се најде меѓу најтрогателните, напишал Каролин Дејвис, новинарка на Гардијан.

Ова е најтажната сцена што ќе ја видите денес, коментираат на Твитер, додека сите следеа со слики од осамената кралица.

Што и да помислите на кралското семејство, оваа слика е толку тажна. Жената, сама, се збогува со својот сопруг, со кого е во брак повеќе од 70 години, додаваат тие.

Таа е човечко суштество што страда за нејзиниот сопруг, ова е тажна сцена, Сега треба да сфати како да го помине остатокот од животот без него покрај себе, Глетка на 94-годишна жена во тага толку го распарчува моето срце, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи.