Кралицата Елизабета за прв пат е сликана како користи бастун за време на службата во Вестминстерската опатија. Се верува дека тоа е првпат таа да го користи бастунот на некој голем јавен настан.

Таа повторно го користеше стапот за потпирање додека заминуваше и се чинеше дека се движи слободно.

Кралицата, која е покровител на Кралската британска легија, не пристигна на настанот како што тоа го правеше традиционално, голема западна врата, туку преку влезот во дворот на поетесата, што е пократкиот пат.

Бакингемската палата одби да коментира, но се разбира дека промените се направени за подобро движење на кралицата.

И порано беа правени прилагодувања кога имало големи настани за да и се помогне на кралицата удобно да се чуствува.

Кралицата беше сликана со стап во 2003 година, но тоа беше после операција за отстранување на искинати лигаменти во десното колено.