Србинот ја освои деветтата титула во Мелбурн.

Новак Ѓоковиќ ја освои деветтата титула на Австралија опен и 18-от грен слем трофеј во својата кариера. Тој во финалето го победи Данил Медведев со 3: 0 (7: 5, 6: 2, 6: 2) и покажа дека е апсолутен крал на Мелбурн, откако славеше на овој турнир по трет пат по ред. Сега тој го зголеми резултатот на 5: 3 во меѓусебните дуели против Русинот.

Новак феноменално го започна првиот сет и поведе со 3: 0. Медведев не се предаде и се врати со иста мерка во следните три гема. Кога се чинеше дека ќе гледаме тај-брејкот при резултат 6: 5, Новак не мислеше така и со одлични враќања успеа повторно да го земе сервисот на Русинот, а тоа воедно значеше и водство во првиот сет.

Лошо започна за најдобриот играч на светот вториот сет. Медведев го доби првиот гем, но потоа Ѓоковиќ го покажа својот менталитет. Тој освои четири врзани гемови и го сврте резултатот. На крајот, во осмиот гем, тој уште еднаш му го одзеде сервисот на Русинот и може да се каже дека славеше убедливо со 6: 2 во вториот сет.

Третиот сет донесе целосна доминација на Новак Ѓоковиќ. Тој не му даде шанса на Медведев. Поведе со 3: 0 и на крајот славеше со 6: 2.

Сервисот, но и совршената игра на мрежата, со очекуваното добро враќање, беа нерешлива енигма за Медведев, а на Ѓоковиќ му беше полесно отколку што се очекуваше да стигне до трофејот.