Криминални банди во два наврати вчера се пукале во Сараево. Никој од учениците во пукотниците не е уапсен потврди Министерството за внатрешни работи во Босна и Херцеговина од кантонот Сараево.

Полицијара работи на расчистување на овие два случаи со меѓусебни престрелки и трага по учесниците во инцидентот.

Првата пукотница се случила во доцните попладневни часови на улицата „Патриотска лига“  во општината Центар.

Набрзо потоа околу 20 часот следувала и втората пукотница во близината на стадионот Кошево. Двата случаи според тамошните медиуми се поврзани и станува збор за пресметка на криминални банди.

На престрелката кај стадионот Кошево и претходела кавга во кафетерија, која била иницирана од  навивачки графити.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *