Поранешниот член на белградското подземје, Кристијан Голубовиќ ослабе скоро 20 килограми откако го напушти реалното шоу Задруга.

Голубовиќ се посвети на својот физички изглед повеќе од кога било, бидејќи како што вели станал како буре. Ја регулираше исхраната, го намали количеството на шеќер и јаглехидрати, но исто така, како што рече, значително ја зголемил сексуалната активност!

Ја поправив исхраната, престанав да јадам слатки и да пијам газирано, и што е најважно, имам с.кс од 10 до 20 пати на ден. Активен сум пет до шест часа дневно во кревет и резултатите се тука. Така, сега, кога ќе прескокнам с.кс еден ден, буквално кризирам, вели тој и додава:

Ослабев 20 килограми, а пред тоа имав 138, рече Кристијан, кој сега направи уште една промена. Ја скрати косата и ја смени фризурата.

Тазе потстрижен, напиша Голубовиќ и покажа својот нов изглед.