Кристијан Голубовиќ јавно зборуваше за медиумите и призна дека моментално има големи здравствени проблеми и дека се сомнева дека е во прашање Ковид-19.


Од почетокот на пандемијата, многу јавни личности беа заразени со Ковид-19. Некои од нив поминаа без посериозни последици и симптоми, некои не знаеја дека се позитивни додека не беа тестирани, додека кај други ситуацијата беше сосема поинаква и многу лоша, а кај некој имаше и смртни последици.

Заедничко за сите нив е тоа што откако дознале дека се позитивни на вирусот, биле доволно дисциплинирани да се изолираат, да останат дома и на тој начин да не го шират вирусот понатаму.

Еден од нив и е познат на целата балканска јавност, Кристијан Голубовиќ, кој зборуваше за борбата со Ковид-19 и откри како се бори со симптомите.

Ќе бидам искрен, лошо сум, лежам неколку дена, не се чувствувам добро, се плашам да не ми дојде вирусот до белите дробови. Не се придржував до мерките, па можеби тоа е една од причината што сега сум во ваква ситуација. Кашлам со денови, немам сила, слабоста ме убива. Се плашам од најлошото, ќе треба да се тестирам, да видам дали навистина Ковид-19 е во прашање – изјави искрено Кристијан.