Играчот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо е најплатениот фудбалер на светот, пренесува американскиот Форбс.

Протугалецот е на врвот на листата објавена од Форбс и на таа листа тој му го презема првото место на неговиот најголем конкурент, Аргентинецот Лионел Меси.

Роналдо оваа сезона ќе заработи 106 милиони евра пред оданочувањето, од кои 60 милиони евра се однесуваат на плата и бонуси кои ќе ги добие по неговото враќање на Олд Трафорд. А остатокот ќе го заработи од други активности како што се рекламирање на најмоќните светски брендови.

Меси во текот на оваа сезона ќе заработи 64 милиони евра од Парис Сен Жермен, а заедно со рекламниот материјал вкупно би заработил околу 94 милиони евра.

Третата позиција ја држи Нејмар со приход од 81 милион евра, а по него на листата се наоѓа уште еден играч од екипата на ПСЖ, Килијан Мпабе со заработка од 36 милиони евра.

Само тројца спортисти ќе заработата повеќе пари од Кристијано Роналдо од рекламни активности, а тоа се тенисерот Роџер Федерер (77 милиони евра), кошаркарот ЛеБрон Џејмс (55 милиони евра) и голферот Тајгер Вудс (51 милион евра).