Кривични пријави против 22-годишниот Е.С. од скопското село Батинци и уште едно лице се поднесени поради сомнение дека сотирле кривично дело „криумчарење на мигранти“, информираат од МВР.

На 19. август во 7.30 часот на автопатот во близина на клучка Неготино, кај место викано „Полна цигла“, полициски службеници сопреле товарно возило „волво“, кое го управувал првопријавениот.

При преглед во возилото биле пронајдени 70 мигранти.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *