Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ побара сите црногорски амбасадори да се вратат во земјата до 18 јануари, со цел да одржи консултации со нив

Потоа, тој ќе одлучи на кого ќе му биде продолжен мандатот а на кој одземен.

Според порталот Подгорица, министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ и вицепремиерот Дритан Абазовиќ се консултираат со некои од амбасадорите кои веќе се вратија во Црна Гора за празниците.

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, претходно денес објави дека нема да издаде указ за отповикување на седум амбасадори, бидејќи смета дека не се исполнети условите за негово усвојување, и побара од Владата дополнителни објаснувања.