Хуманитарната група ,,Оксфам“ соопшти дека пандемијата на коронавирусот ја влошила кризата со глад во најсиромашните делови на светот.

„Оксфам“ предупредува дека секој ден од глад може да умрат до 12.000 луѓе, што е поврзано со социјалното и економското влијание на пандемијата.

Во извештајот на групата се наведува дека масовната невработеност, нарушувањата во производството на храна и намалувањето на хуманитарната помош како последица на пандемијата може да доведат до глад на околу 122 милиони луѓе во текот на оваа година.

Најзагрозени се Индија, Јужна Африка и Бразил.


Напишете коментар