Тренерот на Барселона, Роналд Куман изјави дека Каталонците не смеат да си дозволат да станат жртва на критики.

„Барселона постојано треба да биде на врвот и кога не е, нормално е да има критики. Јас можам да се справам со критиките, но ние како тим не можиме да си дозволиме да станеме жртва на критики. Затоа треба да се вратиме на победите, бидејќи ни треба спокој“, изјави Куман.

Куман ги нападна новинарите кои го прашуваа за формата во која се наоѓа капитенот Лионел Меси, после снимките за неговота „незаинтересиранот“ на мечот со Динамо Киев.

„Не сум ја гледал снимката и не сум заинтересиран за тоа. Ако сакате да правите вештачки контроверзи, тоа е ваш проблем. Меси е ментално добар, ужива во спортот“, заклучи Холанѓанецот.