Австрискиот канцелар Себастијан Курц го пофали договорот од Вашингтон, додека им честиташе на лидерите на Белград и Приштина за подготвеноста за соработка, што, според него, може да биде од корист за сите земји во регионот, пренесува Косово онлајн.

По средбата што ја имаше во Берн со претседателот на швајцарската конфедерација, Симонет Сомаруга, Курц ги повика Белград и Приштина да го заборават горчливото минато и да размислуваат за иднината.

Според него, сега е на двете страни да го почитуваат и спроведуваат договорот потпишан во Вашингтон, како и оние што беа потпишани во Брисел претходните години.