Централните улици на германскиот град Лајпциг во моментов се полни со демонстранти, како и со полицијата, бидејќи народот протестира против мерките за корона и законот што и овозможува на Владата да донесе мерки без парламентот.

Германците се незадоволни затоа што во средата во Бундестагот беше усвоен нов пакет мерки со кои се ограничува слободата на движење и правата на граѓаните, кои Владата може да ги донесе без одобрување од парламентот.

На протестот во Лајпциг на 8 ноември имаше околу 40 000 луѓе, но властите се плашат дека вечерва ќе има многу повеќе, па полицијата е под целосна опрема за да ги растури демонстрациите.

Во моментов скоро сè е затворено во Германија, а според новите правила, луѓето надвор мора да одржуваат социјална дистанца со задолжително носење маски.