Челси минатиот викенд губеше со 3-0 на гостувањето кај ВБА, но на крајот успеа да избегне пораз и да освои бод во лудата игра која заврши 3-3.

Еден од најлошите во првите 45 минути на Челзи беше Шпанецот Маркос Алонсо, кого Френк Лампард го остави во соблекувалната на полувремето, а потоа направи нешто што ги разбесни сите во лондонскиот клуб.

Како што објави англиска Атлетик, Алонсо се истуширал и веднаш отишол до автобусот на полувремето, па не ги ни погледнал останатите 45 минути во кои неговите соиграчи направија мало чудо и со три гола дојдоа до бод во мечот кој изгледаеш дека е загубен.

Наводно, Лампард им наредил на управата на клубот да се ослободи од Шпанецот и доколку е можно, да го продаде веќе во овој преоден рок, кој трае до 5 октомври.