Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта беше исклучително задоволен после освоениот трофеј во Купот.

Бараселона во финалето го победи Билбао со 4:0, а Лапорта се радува на освоениот трофеј, но проговори и за иднината на Лео Меси.

„Ова беше одлично финале против силен противник. Играчите имаа потреба од трофеј после подолго време. Се радувам за нив и за сите фанови. Се надевам дека ова ќе биде првиот од многуте трофеи кои ќе ги освоиме заедно“, истакна Лапорта.

„Лео е број еден во светот, тој е длабоко поврзан со Барселона. Убеден сум дека сака да остане и ние како раководство ќе направиме се што е во наша моќ за тоа да се случи“, додаде Лапорта.