Актуелниот американски претседател Доналд Трамп, кој е во кампања за реизбор на функцијата, за време на собир во Мичиген го нарече неговиот француски колега, Емануел Макрон како премиер.

Фалејќи се со новиот договор за слободна трговија со Канада и со Мексико, Трамп изнесе мислење и за климатаскиот договор од Париз што САД го напуштија по неговата победа на изборите во 2016 година.

– Знаете ли зошто се повлеков од парискиот климатски договор? – Многу го сакам премиерот Макрон, но го прашав како напредува договорот, а тие навистина не успеваат во тоа, додаде Трамп.

Претседателите на САД и на Францијна воспоставија блиски односи по изборната победа на Макрон за подоцна да се нарушат во голема мера, забележуваат странските медиуми.

Трамп во моментот оди од собир на собир во неколку важни американски сојузни држави за да ја намали разликата во анкетите зад демократскиот кандидат за претседател, Џо Бајден до изборите што се закажани на 3 ноември.