Српскиот амбасадор во Русија, и еден од најдобрите воено политички аналитичари, Мирослав Лазански, рече дека е вистина дека СР Југославија соборила повеќе авиони за време на НАТО интервенцијата врз оваа држава за што досега не се говорело во јавноста.

Луѓето од 250-та ракетна бригада знаеја за тоа. Тие и денес тврдат дека собориле авиони од типот Б-2. Тоа е авион кој се нарекува духот на Мисури и тој е сега избришан од списокот на авиони кои ја сочинуваат авио флотата на НАТО. Го нема повеќе, вели Лазански.

Според него авионот чинел 2,5 милијарди долари, колку што беа вкупните годишни приходи од туризам на поранешна Југославија. Политичката гарнитура што тогаш беше на власт не сакаше да му замери на Западот. Исто така тогаш имавме гонење на воени злосторници како што беше Весли Кларк, па тоа веднаш беше поништено. Коштуница ги ослободи терористите од ОВК од затвор, рече Лазански.

Сепак, амбасадорот на Србија во Русија смета дека тоа не беше доволно за тогашна СР Југославија да стане преговарачка страна.

Кога ќе срушите само еден или два авиони тогаш вие не сте преговарач во процесот. Кога ќе соборите 20 или 30 авиони и ќе ги заробите пилотите, тогаш вие сте преговарачка страна, рече Лазански.