Лажни резултати од тестови за вирусот корона се продаваат на границите меѓу Грција и Бугарија. Тестовите се продаваат за 40 евра.

Ова се документи од неофицијални лаборатории за молекуларна контрола каде името на пациентот се менува за надомест.

Во пограничното подрачје меѓу Грција и Бугарија се појавија лажни резултати од тестовите за ковид 19, кои се продаваат за 30 до 40 евра, јави грчката телевизија Мега.

Според таа телевизија, десет лица биле вратени во својата земја затоа што покажале, како што подоцна се покажало, фотокопија од негативниот ковиден тест, а не оригиналот, на граничниот премин Промахонас.

Ова се сертификати кои се продаваат по цена од 30 до 40 евра и кои покажуваат негативни резултати од тестот за коронавирус.

Ова се документи од неофицијални лаборатории за молекуларна контрола каде името на пациентот се менува за надомест.

Ваквите фалсификувани тестови беа откриени од полицијата, а беше решено од идната среда да бидат прифаќани само тестови од 100 референтни лаборатории на Балканот.

Портпаролот на грчката влада Стелиос Петсас вчера, најавувајќи нови мерки за коронавирусот, рече дека тестовите што покажуваат негативни резултати ќе бидат детално проверени кај Промахонас и дека санкциите ќе бидат пропишани во случај на неавтентични и лажни тестови.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *