Адвокатот Том Фила откри и еден детал од таа вечер кога беше апсен поранешниот српски претседател, Слободан Милошевиќ.

Легија плачеше како мало дете и побара да му дадеме една чаша ракија. Чеда Јовановиќ плачеше затоа што му предложив да го држиме како заложник. Во еден момент влета Марија, ќерката на Милошевиќ и започна да трча по Чеда, а тој застана зад мене. Тогаш јас реков: Немој да се криеш позади мене, ќе те удрам со лактот, рече познатиот белградски адвокат.

Адвокатот Тома Фила откри уште еден детал од таа вечер.

Марија му рече на Милошевиќ: Не биди пи.ка, и немој да дозволуваш некој си Чеда да те уапси, земи пиштол, убиј се! Но, тој не сакаше, вели Фила.

Поранешната Претседателка на Собранието на Србија и министер за здравство, Славица Ѓукиќ Дејановиќ, која е член на партијата на Милошевиќ исто така се сети на таа вечер со тага во нејзините очи.

Да, Легија заплака. Од друга страна, Слободан Милошевиќ ме изненади со тоа колку беше присебен во тие моменти. Се избричи со кисела вода, сакаше да оди во затвор во пристојна облека и пристоен изглед, рече Ѓукиќ Дејановиќ.