Лекот за Ковид-19, добиен од имуните клетки на оние кои ја преживеале инфекцијата, по шест месеци обезбедува подобра заштита од вакцините, а таа заштита може да трае и до една година, покажуваат резултатите од студијата.

AstraZeneca во четвртокот објави дека нивните инекција на антителото AZD7442 го намалиле ризикот од симптоматски Ковид за 83 отсто и шест месеци по примањето на единечна доза.

Спротивно на тоа, заштитата што ја обезбедува вакцината може значително да се ослаби по неколку месеци, дури и по примањето на две дози, при што ефективноста на AstraZeneca паѓа на околу 40 отстои на Фајзер на околу 60 отсто.

Компанијата AstraZeneca соопшти дека вештачките антитела се чини дека траат подолго од вакцината и дека една инекција може да обезбеди заштита една година, иако лекот сè уште не е тестиран кај голем број луѓе.

Вакцините, исто така, првично покажаа поголем заштитен ефект во испитувањата отколку во реалниот свет, иако беа донекаде попречени од појавата на делта варијанта на вирусот. Спротивно на тоа, AZD7442 беше тестиран во време кога делта варијантата го пустошеше светот.

Хју Монтгомери , професор по интензивна нега на Универзитетскиот колеџ во Лондон и главен истражувач за AZD7442, изјавува, поради овие убедливи резултати, верувам дека оваа комбинација на антитела со долго дејство може да им обезбеди на најранливите пациенти заштитата на која итно им треба да се вратат во нормален живот.

Важно е да се нагласи дека шестмесечната заштита се задржува и покрај ширењето на делта варијантата кај високо-ризичните лица кои можеби нема добро да реагираат на вакцинацијата.

Посебна студија покажува дека лекот, исто така, го намалува ризикот од тежок Ковид и смрт за 88 отсто кога се дава во рок од три дена од почетокот на симптомите.

Инјектирањето може да биде напредок во третманот на постари и имунокомпромитирани лица кои немаат соодветен имунолошки одговор дури и по вакцинацијата.

Истражувањето е доставено на преглед и се очекува да биде објавено во наредните недели.

Приближно едно од 50 луѓе не реагира адекватно на вакцината, а третманот може да биде корисен и за заштита на ризичните групи како што се старите лица кои живеат во пензионерски домови.

Групите на луѓе кои би можеле да имаат корист вклучуваат луѓе со рак кои се лекуваат со хемотерапија, пациенти на дијализа или оние кои земаат лекови за потиснување на имунолошкиот систем, како што се луѓе кои биле подложени на трансплантација на органи или оние со артритис или мултиплекс склероза.

Лекот, кој се администрира во единечна доза, е комбинација од две антитела добиени од имуните Б-клетки донирани од пациенти кои се опоравиле од вирусот. Антителата се врзуваат за местата на шилестиот протеин што вирусот го користи за да влезе во клетките.

AstraZenca соопштува дека заштитата трае три пати подолго од конвенционалните антитела и една доза може да обезбеди заштита до 12 месеци. Лекот, исто така, во моментов се истражува како потенцијален третман за хоспитализирани пациенти со Ковид.

Извршниот потпретседател на AstraZeneca за истражување и развој на биофармацевтски производи Мене Пангалос изјави, AZD7442 е единственото антитело со долго дејство тестирано во три фази кое покажува корист во профилаксата пред изложување на вирусот и во третманот на Ковид-19 со само една доза. Новите податоци придонесуваат за се поголем број докази кои го поддржуваат потенцијалот на AZD7442 да направи значајна разлика во превенцијата и третманот на Ковид-19.

Компанијата ги достави своите наоди до регулаторите, кои одлучуваат дали да го одобрат новиот лек. AstraZeneca веќе се согласи да испорача 700.000 дози AZD7442 на американската влада доколку добие одобрение за итна употреба од Администрацијата за храна и лекови (FDA) и има договори за снабдување со други земји.