Се појавија неколку “видови” или манифестации на новиот облик на корона вирус. 52 годишниот Турчин, Н. Т. би можел да биде единствен пример во светот, по начинот на кој бил „нападнат„ од коронавирусот, а кој дава знаци на рак на белите дробови, вели турскиот доктор.

Друг случај е откриен во турската провинција Кахраманмарас кај кој прво бил дијагностициран рак на белите дробови, но пред операцијата тој бил позитивен на корона вирусот. За време на неговото опоравување, тој бил добар и без траги од рак, на изненадување на лекарите.

Овој случај го следела докторката Фатос Козанли и таа вели дека овој пациент би можел да биде прв во светот кој бил заразен со ваков облик на корона вирусот. Кога ја посетил болницата тој страдал од болки во градите, и му откриле дека има тумор на десното белодробно крило кој бил широк четири сантиметри. По направените прегледи му бил дијагностициран рак и била закажана операција.

Операцијата била одложена кога констатирале дека тој бил позитивен на корона. Козанли која требала да го оперира, ги направи последните снимки откако тестот на пациентот за ковид бил негативен. Тогаш се шокирала и заклучила дека тој воопшто немал тумор.


Имаше симптоми слични на рак на белите дробови, но последното снимање пред операцијата покажува дека немало ништо. Бевме изненадени, не може туморот да го снема туку така, па дури и да боледувал од друга болест, ни таа не би изчезнала за така кратко време. Нашите испитувања покажаа дека ковид – 19 во целост ги покажувал или ги имитирал симптомите на рак на белите дробови, вели Козанли.

Докторката примети дека лицето Н.Т. иако имал корона вирус не патело или немало симптоми кои се обично поврзани со таа болест, како кашлица или висока температура и дури по направениот ПЦР тест е откриено дека е заразен.

Имаше само болки во градите, кои првично беа поврзани со рак на белите дробови – изјави таа во неделата за новинската агенција ДХА, објавија турските медиуми.

Козанли рече дека прелистува меѓународни медицински списанија и дека не нашла никакви информации за таков случај.