Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди во Брисел за „многу критичната“ епидемиолошка состојба пред Божиќните и новогодишните празници и побара голема координација на земјите од Европската унија (ЕУ).

Откако изјави дека Франција е во многу сериозна и лоша епидемиолошка состојба, а бројките во Франција стануваат сè покритични, самиот Макрон е заразен со коронавирус.

Денес пристигна потврда дека францускиот претседател е позитивен на коронавирус.

Францускиот претседател Емануел Макрон е позитивен на вирусот корона, соопшти денеска неговиот кабинет.

Претседателот денес беше позитивен на тестот за вирусот корона. ПЦР-тестот е извршен по појавата на првите симптоми – се наведува во соопштението.

Се додава дека Макрон ќе биде во самоизолација во следните седум дена, пренесува Ројтерс.