Во делови во САД, летото нагло заврши во вторникот, бидејќи температурата, која достигна 32 Целзиусови степени, падна на минус еден степен.

Причината за ова е силен налет на студен воздух од Канада, кој донесе снег и бурни ветрови во неколку земји. Ветерот собори дрвја и предизвика снег, кој затвори делови од одредени патишта и остави десетици илјади домаќинства без електрична енергија, пренесува АП.

Сепак, ова ладење помогна во гаснењето на пожарите во Колорадо и Монтана, каде што луѓето ги напуштија своите домови пред пожарот.