Од Индија доаѓа пример на вистински експерт за странично паркирање. Не само што поголемиот миниван на Тојота го паркира без застој, туку тоа го прави на екстремно мало и ограничено паркинг место над канал. Неговите вештини за паркирање ги снимила неговата сопруга од балконот и ги испратила до неговиот брат. Тој го испратил видеото до неколку пријатели и неколку дена подоцна видеото станало вирално.

Најдоброто нешто е што автомобилот не е во сопственост на овој многу вешт возач, туку тој го позајмува од пријател за работа. А, неговиот опис на работатата вклучува возење автобус и возење џип на тежок терен, па затоа паркирањето на Тојота не претставува никаков проблем за него.