Партијата Левица на својата официјална страна на фејсбук напиша дека благодарејќи на јавниот притисок на Левица тоа ја натера владата да ја набави вакцината спутник 5.

Нашиот пратеник, пишува во фејсбук објавата на Левица, Димитар Апасиев, уште пред Нова година, на седницата за пратенички прашања го праша министерот за здравство Венко Филипче, зошто навреме, односно уште во месец септември 2020 година, кога за тоа имало организирано комуникација, не се стапило во контакт со руските институции, за обезбедување на вакцината „СПУТНИК V“?

Прашање е, зошто се чекаше толку долго, кога можевме да ја имаме оваа вакцина уште пред шест месеци, прашува Левица.

Само у врат дишење за да работите, напиша Димитар Апасиев на својот фејсбук профил во врска со набавката на вакцините спутник 5.

Денеска ја добивме и првата пратка од руските вакцини “Спутник В”. Ова е прва количина од 3.000 дози со којашто ќе обезбедиме континуитет на процесот на имунизација којшто е веќе започнат, напиша министерот за здравство, Венко Филипче на својот фејсбук профил и додаде:

Вкупно нарачани се 200.000 дози, а овие вакцини се различни во делот на вакцинација и ревакцинација, што значи дека сите овие 3.000 дози ќе се користат за прва вакцина.

Со оваа вакцина, вели Филипче, ќе се вакцинираат повозрасни граѓани со хронични заболувања и постарите граѓани во делот на старечките домови.