Од Левица инфомираат дека до Државната изборна комисија денеска поднела дури 425 приговори и како што соопштуваат од партијата на Димитар Апасиев, ќе следуваат уште.

До ДИК вчера пристигнаа 82 приговори и едно барање за увид во неважечките ливчиња од гласањето. Рокот за поднесување приговори истекува денеска во 19.30 часот.

Приговорите на Левица се однесуваат на голем дел од избирачки места од повеќе изборни единици каде набљудувачите на партијата, но и други лица кои непосредно беа сведоци на броењето на гласовите.

„Со овие манипулативни активности директно е оштетена нашата  партија, на која ѝ се скратени три пратеници, а директно е нарушено и правото на избор на граѓаните чии гласови не се правилно валоризирани“, велат од Левица.


Напишете коментар