ТРАМП Е ВИНОВЕН: Меконел тврди дека претседателот на САД ги предизвикал толпата народ да оди во Капитол Хил

Лидерот на мнозинството во Сенатот во американскиот конгрес, републиканецот од Кентаки, Мич Меконел, го обвини американскиот претседател во заминување Доналд Трамп дека на некој начин дал наредба своите приврзаници да ја нападнат зградата на Конгресот на 6 јануари.

– Толпата беше испровоцирана од претседателот и други моќни луѓе. Но, и покрај тоа, ние ја потврдивме изборната победа на Џо Бајден и Камала Харис. Ќе имаме безбедна и успешна инаугурација, тука пред зградата на Конгресот – рече Меконел, пренесува Си-Ен-Ен.