Светската фудбалска федерација и шестте конфедерации кои ја градат структурата на организацијата – УЕФА, АФК, КАФ, КОНКАКАФ, КОМНЕБОЛ и ОФК денес излегоа со остро официјално соопштение во однос на формирање на европска Суперлига.

Раководството на ФИФА предупредува дека секој клуб и секој играч, кој ќе земе учество во Суперлигата, ќе биде исклучен од сите официјални натпевари под капата на ФИФА. Во соопштението се дополнува дека единственото ново натпреварување кое го признава е Светското клупско првенство.

Ова соопштение беше официјално објавено денес откако вчера претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез имаше тричасовна средба со претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.

Причината поради која ФИФА и УЕФА остро се спротиставуваат на Суперлигата е финансиска, бидејќи се претпоставува дека ова натпреварување ќе ја „засени“ Лигата на шампиони и ќе ги собери сите спонзорски договори.