Претседателот на Управниот одбор и главен акционер на групацијата НЛМК, Владимир Лисин, го зазеде првото место на списокот на најбогати Руси објавен од списанието „Форбс“.

Според магазинот, богатството на Лисина се проценува на 22,7 милијарди долари, пренесува Хина.

Второто место го зазеде претседателот на рударско-металуршката компанија „Норилс Никел“, Владимир Потанин, кој претходно беше лидер на листата, а неговото богатство се проценува на 22,3 милијарди долари.

ТАСС јавува дека семејството на Сулејман Керимов, кој е сопственик на рударската компанија за експлоатација на злато „Полиос“, е на третото место на најбогатите Руси. Богатството на семејството Керимов се проценува на 21 милијарда долари.