Русија ќе стори се за да ја присоедини Белорусија, смета министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Ликевичиус.

Во каква обланда тие тоа ќе ја завиткаат ќе видиме, но сè се случува тука пред наши очи“, рече министерот во интервју за еден литвански портал.

Да потсетиме, протестите во Белорусија започнаа веднаш по завршувањето на претседателските избори во Белорусија на 9 август, на кои победи сегашниот претседател Александар Лукашенко.

Опозицијата одби да ги признае изборните резултати и го извади незадоволниот народ на улица. Оттогаш, тие протести се одржуваат секој ден, со поголем или со помал интензитет. Белоруските власти редовно ги обвинуваат западните земји за мешање во внатрешните работи на државата.

Инаку, Европската унија планира да воведе економски санкции за повеќе од 30 белоруски политичари. Тоа треба да се случи до средината на септември.

На списокот на ЕУ треба да бидат министерот за внатрешни работи Јуриј Карев, неговиот заменик и други високи функционери.

Лукашенко засега нема да биде на списокот на ЕУ. Германија, која е претседавач на ЕУ, сака да добие време за дијалог и затоа ја остава отворена можноста дури подоцна да го вклучи Лукашенко на таа листа.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *