ФИФА денес ги круниса најдобрите за 2020 година, која беше една од најчудните години во фудбалската историја. Првенствата сепак пронајдоа начин да ги комплетираат сезоните и покрај пандемијата и да крунисаат шампиони.

На церемонија во Цирих беше избран идеалниот состав за изминатите 12 месеци. На голот е Бекер, одбраната ја сочинуваат Александер-Арнолд, Ван Дајк, Рамос и младиот Дејвис. Средниот ред го предводи Де Брујне заедно со Кимих и Тиаго, а нападот е ударното трио Меси-Роналдо-Левандовски.

Идеален тим на ФИФА за 2020:

Голман: Алисон Бекер

Одбрана: Александер-Арнолд, Ван Дајк, Рамос, Дејвис

Среден ред: Кимих, Де Брујне, Тиаго Алкантара

Напад: Меси, Левандовски, Роналдо