Првиот круг на локалните избори ќе се оддржи на 17 октомври, изјави денес македонскиот премиер Зоран Заев. Според Заев тоа е согласно датумот кој е утврден со изборниот законик и сега не се размислува за негово менување.

Како што вели Заев, имало мали дилеми за менување на датумот на изборите поради кампањата за пописот, кој ќе се спроведува до крајот на септември, односно има преклопување од три дена меѓу траењето на пописот и почетокот на изборната кампања за локалните избори.

Тоа било решено така што периодот на пописот место од 5 до 30 септември сега ќе се продолжи за пет дена и ќе трае од 1 до 30 септрември и може да се случи сите пописни активности да завршат пред предвидениот рок вели Заев.

Сега се очекува Претседателот на Собранието да ги распише локалните избори. Според неофицијалните информации од македонскиот Парламент, Талат Џафери размислува изборите да ги распише на 7 август или најдоцна до 7 август.

ВМРО ДПМНЕ бараше пролонгирање на локалните избори за 31 октомври. За ВМРО е подобро локалните избори да бидат одвоени од пописните активности бидејќи учество на пописот ќе значи незадоволство кај тврдото партиско јадро кои бараат партијата да види кампања не отварај врата за пописот.

Тешко дека Мицкоски ќе може да повика на бојкот на пописот, па и да води ни риба ни девојка бојкот стратегија како за референдумот во 2018 година, бидејќи од една страна му треба поддршката на маѓународната заедница да остане на чело на партијата, а од друга страна му се потребни албанските гласови ако сака да им парира на СДСМ и ДУИ.

Затоа на Левица и на Димитар Апасиев ќе им одговараат избори на 17 октомври бидејќи ќе водат кампања за бојкот на пописот и тоа ќе биде нивна кампања и за влез во локалните избори. За очекување е тоа да доведе до значајно зголемување на бројот на гласови на контото на Левица во споредба со ланските парламентарни избори. На тоа се должи нервозата на ВМРО ДПМНЕ на социјалните мрежи каде во тек е вистинска војна на нивното “дувло” со активистите на Левица.