Некои кинески официјални лица и научници тврдат дека вирусот ковид-19 можеби не потекнува од Кина и дека има повеќекратно потекло.

Кина е повторно во состојба на готовност по извештајот за новиот вид коронавирус откриен во Лондон, град кој сега се смета за „новиот Вухан“, од каде научниците веруваат дека вирусот започнал да се шири.

Властите во Вухан го повикаа кинескиот орган за цивилно воздухопловство да забрани патнички летови од Велика Британија, а прекинувањето на летовите на товарни авиони од таа земја се разгледува откако во септември беше повторно воспоставена таа авио линија.

Некои кинески официјални лица и научници тврдат дека вирусот „ковид-19“ можеби не потекнува од Кина, а кинескиот државен весник „Јангце Дејли“ наведува дека развојот на ситуацијата во Велика Британија може да биде „нов доказ дека вирусот има повеќе верзии и повеќекратно потекло“

Корисниците на Интернет во Вухан го нарекуваат Лондон „нов Вухан“ и се прашуваат дали новоназначената амбасадорка на Велика Британија во Кина, Каролин Вилсон можеби донесе нов вирус во нивниот град откако помина во Вухан четири дена кон средината на декември, и беше видена без маска на неколку официјални настани.

Вилсон пристигна во Кина од Велика Британија на крајот на октомври и помина 14 дена во карантин во амбасадата во Пекинг, а според некои медиуми, новиот вид на вирус првпат бил откриен во септември на југоистокот на Велика Британија.

„Во Вухан, кој беше блокиран од февруари до април, од мај досега немало случаи на локално пренесување на вирусот “ковид-19“, соопшти кинеската национална комисија за здравство.

Во Обединетото Кралство, во последните месеци имало најмногу околу 14.000 заразени лица дневно, а вчера имало 38.000, што покажува колку е заразен новиот вид на вирусот корона.