Лондон во петокот прогласи голема непогода ( катастрофа ) поради ризикот од пренатрупаност на градските болници, како резултат на високо-преносливиот вид на коронавирус кој „излезе од контрола“ низ Велика Британија.

Велика Британија официјално ја има петтата највисока стапка на смртност во светот од ковид-19, со повеќе од 78.000 смртни случаи, додека премиерот Борис Џонсон ја запре економијата и го забрза производството на вакцини во споредба со соседните земји за да спречи ширење на пандемија.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан , од опозициската Лабуристичка партија, рече дека болничките кревети ќе исчезнат во главниот град во следните неколку недели, бидејќи вирусот се шири „надвор од контрола“.

„Ние прогласуваме голема катастрофа бидејќи заканата што овој вирус ја носи за нашиот град достигна критична точка.

Лондон, кој се натпреварува со Париз за статусот на најбогат европски град, има над 9 милиони жители.

Терминот „голема непогода“ обично е резервиран за напади или сериозни несреќи, особено за оние што предизвикуваат „сериозни штети, нарушувања или ризици по животот и благосостојбата на луѓето, клучните услуги, животната средина или националната безбедност“.