Советот на регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) им нареди на стручните служби на тоа тело да изготват обврзувачки Правилник за времето на емитување на реалнити шоуа , според кој емитувањето на таа програма ќе биде ограничено од 23 до 6 часот наутро.

Реалноста на „присилното опкружување“ првенствено штетно влијае на малолетниците, но и на целото општество, се заклучоците од седницата на Советот на членовите на РЕМ, на која се дискутираше за овој правилник.

На телевизии со национално покривање, „се промовираат криминалци и примитивизам, што е погубно за општествениот живот, но и за свеста на луѓето“, беше оценето на сесијата.

Може ли регулаторот и на кој начин да ја ограничи или забрани одвратната содржина во реалните шоуа? Од емитувањето на првото реално шоу во Србија, пред скоро 16 години, се водат полемики за тоа до денес. Некои тврдат дека ваквите програми треба да бидат забранети, а други дека радиодифузерите имаат слобода да покажат што ќе покажат.