Ѕвездата на Пари-Сен Жермен, Килијан Мбапе, нема да може да настапи во четврт-финалето од Лигата на шампионите против Аталанта поради повреда на глуждот, потврди францускиот шампион.

Напаѓачот доби повреда во првото полувреме од финалето на Купот на Франција против Сент-Етјен во петокот и беше учесник на прославата на титулата со патерици.

„Килијан Мбапе беше на прегледи во понеделникот за да се оцени сериозноста на повредата на десниот глужд и резултатите покажаа дека се работи за повреда на лигаментите. За ваква повреда, процесот на закрепнување е речиси три недели“, се вели во соопштението на клубот.

Ова значи дека тој нема да игра против Аталанта на 12 август иако би можел да се врати за време на полуфиналето во Лисабон ако ПСЖ се квалификува.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *