Одложувањето на Летните олимписки игри во Јапонија е една од опциите што се разгледуваат , рече висок претставник на владејачката партија во Јапонија.

Со зголемениот број случаи на коронавируси, ако се покаже дека Олимпијадата е невозможно да се одржи, ќе мора да се откажеме, рече генералниот секретар на Либерално-демократската партија во едно свое интервју.

Јапонија се бори со се повеќе случаи, чиј број е драматично зголемен во Токио и Осака од крајот на вонредната состојба. Предвидено е Олимпијадата да биде отворена на 23-ти јули со ригорозни социјални мерки и ограничен број на гледачи.