Европската агенција за лекови го одби барањето на германската фармацевтска компанија „Бионтек“ и американскиот партнер „Фајзер“ за условно одобрување на вакцината против вирусот корона.

Европската агенција за лекови ќе даде свое мислење за таа вакцина на состанокот на 29 декември, а после тоа, мислењето ќе биде проследено до земјите-членки за усвојување, пишува Фајненшл тајмс.

Ова потенцијално ја одложува дистрибуцијата на вакцини во ЕУ до почетокот на следната година. Проценката на вакцината на конкурентската „Модерна“ е одложена за 12 јануари 2021 година.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан претходно објави дека вакцинацијата во таа земја може да започне пред крајот на оваа година. Сепак, по одбиеното барање, тој ги пренасочи прогнозите кон почетокот на наредната година.

„Претпоставувам дека можеме да започнеме со вакцинирање најдоцна во јануари“, рече тој.

Вакцината ќе и биде достапна на пошироката популација до почетокот на летото.