Студијата, спроведена од страна на Империал колеџ од Лондон, ги разгледа податоците од 2,4 милиони Британци, од кои 11 отсто консумираат цигари.

Резултатите од студијата откриле дека пушачите имаат 14 проценти поголема веројатност да развијат симптоми доколку се заразат со корона, вклучувајќи постојана кашлица и висока температура – двата главни симптоми на вирусот корона САРС-КоВ-2.

Исто така, беше откриено дека пушачите имаат 50 проценти поголеми шанси да развијат други симптоми како што се дијареја, губење на апетит и делириум.

Во исто време, пушачите кои се позитивни имаат двојно поголема веројатност да завршат во болницата.

Студијата покажа дека пушачите стануваат полесно заразени бидејќи се изложени на поголем ризик поради допирање на устата, како и поради фактот дека хемикалиите од цигарите ги оштетуваат дишните патишта.


Напишете коментар