Во Извештајот на Институтот за јавно здравје е објавено дека од 312 тестирани во градинките и во домовите за стари лица се регистрирани три случаи на заразени со корона вирусот. Од тие лица што се позитивни, едно лице е вработено а две се штитеници во домовите за стари лица. Тестовите се направени во Скопје и во Прилеп.

Искуствата од европските, но и од балканските држави покажуваат дека околу 30 до 40 отсто од случаите на заразеност од корона вирусот се јавуваат кога заразата ќе влезе во домовите за стари лица. Така беше во Хрватска и во Србија, а властите во Шведска дури јавно се извинија дека потфрлија во заштитата на луѓето што се сместени во домовите за стари лица.

Македонија досега успешно спречуваше корона вирусот да влезе во домовите за стари лица.


Напишете коментар