Илјадници демонстранти повторно протестираа во Љубљана против анти -епидемиските мерки на владата на Јанез Јанша, особено задолжителните пропусници за ковид.

Меѓу насобраните беа и оние кои побараа оставка од владата.

Непријавениот протест траеше во текот на вечерните часови, со засилено присуство на полиција, но засега без инциденти и полициска интервенција, која ги спречи демонстрантите да излезат од пред собраниската зграда.

Меѓу демонстрантите беа идентификувани и неколку лица, а барем еден од нив беше уапсен, пренесува Хина.

Опозицијата денеска поднесе барање за отповикување на министерот за внатрешни работи, Алеш Хојс, во собраниска процедура, предлагајќи негова смена поради, како што велат, прекумерната употреба на репресивни мерки против демонстрантите во последните неколку протестни собири.

Хојс ја има довербата на премиерот Јанез Јанша, кој минатата година ја отфрли неговата оставка по медиумско-политичката афера.

Опозицијата собра 43 потписи на пратениците за интерпелација на министерот, речиси половина од вкупниот број пратеници во парламентот, во кој влегуваат 90 пратеници.