Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски по разводот од неговата сопруга, македонската мисица Кристина Димитриевска се пресели да живее во соседна Србија.

Пејачот таму работи на својата музичка кариера, па пред да започне короната редовно настапуваше во регионот.

Исто така, Кајмакоски победи во регионалното забавно – хуманитарно шоу „Твоето лице звучи познато“ каде што имаше задача да се најде во улога на разни негови колеги.

Меѓутоа,  деновиве повторно се најде во едно забавно шоу. Имено, периодов започна снимањата на 4та сезона на „Луда ноќ“ која се емитува на РТС телевизија.

Токму по тој повод, пејачот се најде во студио на националната српска телевизија, но и во друштво на неговите колеги, колешки, популарни уметници….

Даниел на социјалните мрежи сподели дел од атмосферата, па се пофали во какво друштво се наоѓа.

Во најновата објава на „Инстаграм“ тој сподели фотографија со девојките од „Хурикејн“, а во описот додека дека тие во емисијата биле дел од неговиот тим.

„А мојот тим „Хурикејн“. Гледајте ја 4та сезона на Луда забавна ноќ“, напиша тој.

Инаку, „Луда ноќ“, е забавна емисија во која пејачите пејат во живо придружени од орекстарот наречен „Луда ноќ“.

Познатите личности се поделени во два тима, а се натпреваруваат низ песна и игра.

Како Даниел Кајмакоски и неговиот тим ќе се претстави во ова забавна програма останува да следиме…