Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека маските за лице се само една од низата алатки кои можат да го намалат ризикот од пренесување на вирусот. 

СЗО денеска ги ажурираше своите упатства и им препорача владите да ги замолат сите да носат маски за лице од ткаенина, во јавност во области каде постои ризик да го пренесат Ковид-19, со цел да помогнат при намалување на ширењето на пандемијата.

„Ги советуваме владите да ја охрабрат јавноста да носи маски. И тоа маска од ткаенина, односно не медицинска маска“ – изјави експертот за ковид-19 во СЗО, Марија Ван Керков.

Тврдат дека сега имаат докази, дека ако се користи правилно, маската помага. 


Напишете коментар