Луѓето блиски на Бранко Црвенковски ги демантираа коментарите на социјалните мрежи дека пред два дена поранешниот секретар на СДСМ и еден од најблиските соработници на Бранко Црвенковски, Горан Минчев имал средба во седиштето на ВМРО ДПМНЕ, со секретарот на партијата Ѓорѓија Сајкоски.

На твитер пред два дена беше објавено: Вчера во седиштето на ВМРО ДПМНЕ е остварана средба меѓу Горан Минчев, човек на Бранко Црвенковски од СДСМ и генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ, Сајкоски. На средбата се договорени пари и логистика од Мицкоски за независни листи на Бранко Црвенковски на локалните избори. Се обединуваат руските сили од двете партии, плус Левица.

Горан Минчев демантираше дека имал каква било средба во штабот на ВМРО ДПМНЕ и овие пишувања ги нарече шпекулации.

Дел од порталите во Македонија изминатите денови шпекулираа на тема дека Црвенковски размислувал и работел на формирање нова политичка партија. Но одењето со независни листи на локалните избори се многу поверојатна опција.

На локалните избори голема ќе биде и улогата на Левица. И во СДСМ и во ВМРО ДПМНЕ ќе има доста кандидати за градоначалници на кои партиските лидери им ветувале дека ќе бидат нивни кандидати, а кои нема да го поминат партискиот филтер. Многумина од нив ( како на времето Стевчо Јакимовски ) можно е да се одлучат да бидат кандидати на Левица или на некоја партија или групација во подем на следните локални избори. Се разбира сами да си ја финансираат кампањата, а плус и ако можат да помогнат финансиски на партијата ( или на лидерот ) која ќе им го даде печатот.

Такви примери имаше многу во последните 30 години. Најмногу на локалните избори во 2005 година.

На последните парламентарни избори луѓето на Црвенковски отворено работеа за победа на Мицкоски сакајќи на тој начин да го испратат Зоран Заев во политичка пензија.