Прелиминарните резултати од тестовите покажуваат дека луѓето со одредена крвна група може да имаат поголема заштита од новиот вирус корона.

Во април, кратко време откако започна пандемијата, најпозната фирма за генетско тестирање ги понуди своите услуги за да им помогне на научниците подобро да разберат како генетиката може да игра улога во тоа зошто некои луѓе заразени од новиот коронавирус развиваат тешки инфекции, додека други имаат само благи или умерени симптоми или воопшто немаат.

Компанијата ги објави раните резултати од студијата во која учествуваа повеќе од 750.000.

Откриено е дека крвната група О, наводно, може да биде заштита од новиот вирус, бидејќи првите резултати покажуваат дека луѓето со таа крвна група имаат осум до 19 проценти помала веројатност да бидат позитивни за ковид-19 во споредба со другите крвни групи.

Резултатите од оваа студија се во согласност со другите истражувања за тоа како човечката крвна група може да игра улога во подложноста на вируси.

На пример, една студија од Кина објавена во март исто така открила дека оние со крвна група О биле поотпорни на вирусот корона, додека оние со крвна група А би можеле да бидат со поголем ризик.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *