И младите луѓе кои аплицираа преку онлајн платформата за имунизација, започнаа да добиваат покана за масовна вакцинација на Загребскиот велесаем, пишува порталот индекс.

Ова е неочекувано, бидејќи втората фаза на вакцинација е сè уште во тек, а во оваа фаза се вакцинираат само оние постари од 65 години.

Министерството соопшти дека е вистина дека се повикуваат помлади, а причината е што постарите не сакаат да се вакцинираат со АстраЗенека.

Оваа недела масовниот пункт на загребскиот Велесаем ќе започне да работи со полн капацитет. Бидејќи станува збор за голема сала што може да прими до 5.000 граѓани во две смени, а матичните лекари регистрираа откажувања во приоритните покани за вторник, 13 април, започна да се кани и помладата популација преку нашата платформата, а се со цел целосно исполнување на капацитетот на овој пункт, пишува во соопштението на министерството.

Важно е да се истакне дека единствената причина за поканување на помладите граѓани е откажувањето на термините од постари лица поради недоверба во вакцината Астразенека. Поканите за среда, 14 април ќе го следат истиот принцип, односно тие ќе бидат испраќани денес во текот на денот на граѓаните над 65 години и хронично болните, а во случај на откажување, слободните термини ќе им бидат доставени на другите кои се подготвени да одговорат на повик за вакцинација.