Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, смета дека е стратешки исправна одлуката сите резерви на злато од странство да се вратат назад во Белорусија!

Браво за Народната банка и владата. Пред три месеци, дадов задача да ги вратат сите резерви на злато и девизи во земјата, особено златото. Целото злато, до последниот грам е сега вратено во земјата, рече Лукашенко.

Белорускиот лидер посочи дека земјата има доволно златни резерви за одржување на девизниот курс на националната валута на стабилно ниво, а исто така ја пофали и Националната банка и Советот на министри, кои сè уште не започнале со користење на златни резерви.

Лукашенко смета дека токму заради тоа, нема катастрофална состојба со девизниот курс на националната валута. Во исто време, тој призна дека „во некои менувачнице понекогаш може да им недостасуваат пари“ и затоа дал наредба до Народната банка да ја поправи ситуацијата.

Според податоците на Народната банка на Белорусија, на почетокот на 2020 година златните резерви на државата изнесувале 42,2 тони. На 1 јануари вкупните резерви на злато и девизи во земјата изнесуваа 9,39 милијарди долари, а на 1 август тие изнесуваа 8,86 милијарди.

Како што објаснија од Народната банка, златните резерви се скапоцени метали во форма на златни шипки. Со нив управува банката и тие се дел од Државниот фонд за скапоцени метали на Белорусија.


Напишете коментар