Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко е позитивен за коронавирус, тврдат британските медиуми.

Самиот претседател на Белорусија призна дека се заразил без никакви симптоми, но дека веќе се опоравил од вирусот.

Од почетокот на пандемијата, тој тврдеше дека коронавиусот не е опасен и дека луѓето не умираат од тоа.

Тој дури и ги советуваше своите сограѓани да пијат водка, и дека овој алкохол ќе им помогне да се борат со вирусот.

Од почетокот на пандемијата во Белорусија беа заразени 67. 336 а починале 543 заразени.

На 9 август во Белорусија ќе се одржат претседателски избори. Лукашенко е главен фаворит за победа и шести претседателски мандат!


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *