Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека до есен земјата ќе има своја вакцина против коронавирус.

– Веќе постојат три регистрирани вакцини и се е во развој. Ние се уште одиме по овој пат. До есен ќе имаме вакцина, имаме експерти, рекол Лукашенко на состанок со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува РИА Новости.

Лукашенко додаде дека Белорусија сега активно купува вакцини од Руската Федерација. Белорусија беше првата странска држава која официјално ја регистрираше Спутник V.